Top Sport

Страшна криза го тресе Монако, каква што немало 50 години

Францускиот фудбалски тим Монако е во страшна резултатска криза сезонава. Екипата што минатата сезона се бореше за највисок пласман во Француското првенство сега е на самото дно и има една победа по 12 одиграни кола.

Се промени тренерската позиција, на неа дојде легендарниот Тиери Анри, но ситуацијата и под негово раководство остана непроменета.

Вчерашниот пораз од Реимс (1:0) дополнително ја влоши клупската атмосфера, па аналитичарите во Монако информираат дек клубот го тресе најголемата резултатска криза во последните 50 години.

„Мора да продолжиме напорно да работиме и да ја вратиме самодовербата. Потребна е една победа, да „помирисаме крв’. Нема предавање, Монако е голем клуб и ќе се издигне над овие проблеми“ – изјави тренерот Тиери Анри.

Scroll to Top