Екипата на Челси со 3-1 предмалку на „Стемфорд Бриџ“ го победи Кристал Палас, а Шпанецот Алваро Мората постигна два погодоци во новиот триумф на екипата.
Резултатот во 32. минута го отвори Мората за водство на Челси од 1-0.
По осум минути во второто полувреме Кристал Палас преку Таузенд го изедначи резултатот на 1-1. Десетина минути подоцна Мората со својот втор гол ја врати предноста на Челси, а печат на победата стави Педро во 70. минута за конечни 3:1.
По новата победа Челси е на второто место на табелата со само два бода помалку од лидерот Манчестер Сити.
https://www.youtube.com/watch?v=zD7Hpi0lq-c