Боксер Кристијан Дагио (49) од Италија ја загуби најважната борба, онаа со животот. Тој почина како последица од повредите по мечот во полутешката категорија за ветерани против Дон Паруанго од Тајланд.
Дагио беше нокаутиран, а веднаш по ќотекот во рингот беше пренесен во болница, каде падна во кома. По 8 дена напорите на лекарите да го одржат во живот беа неуспешни.