Најдобрата македонска фудбалска репрезентација денес ќе ги започне подготвките за пријателскиот натпревар со Норвешка, кој ќе се одигра во Скопје (18:30 часот) на 11 ноември.
За дуелот со Норвежаните од списокот на селекторот Игор Ангеловски, поради повреда, отпадна играчот на Твенте Никола Ѓорѓев.
Селекторот по првиот собир ќе знае дали на подготвките ќе бидат и дефанзивците на Вашаш и Вардар, Кире Ристески и Висар Муслиу.
Ангеловски кој во договор со Федрацијата, а по молбата на Палермо, го ослободи од репрезентативните обврски Илија Несторовски, во националниот тим го повика напаѓачот на Работнички Кире Маркоски.