Брилијантната партија и 35-те индексни поени во дербито Партизан – Црвена звезда (84:100) на Милко Бјелица му го донесоа МВП за седмото коло во АБА-лигата.
Крилниот центар на Црвена звезда одигра маестрално против вечниот ривал, промаши само два шута од поле (6/6 слободни, 7/8 за два, 3/4 за три) и мечот го заврши со 29 поени, 6 скока и 2 асистенции.
Исто така, Бјелица е најефикасниот играч на седмото коло, по кое Црвена звезда има скор од пет победи и два пораза и ја дели втората позиција на табелата со Цедевита. Овие два тима имаат пораз повеќе од водечкиот тим на табелата Будуќност.
Индивидуално во седмото коло се истакнаа уште и центарот на Мега Бемакс, кој на дуелот со МЗТ имаше 12 скока, потоа Американецот од Партизан, Патрик Милер, кој против Црвена звезда подели 11 асистенции, и играчот на Задар, Иве Иванов, кој имаше четири украдени топки.