Стен Вавринка се врати на тренинзи првпат по сериозната повреда на коленото која ја доби на Вимблдон во јули.
32-годишниот Швајцарец, кој има три гренд слем титули во кариерата, стигна до финалето на Ролан Гарос и полуфиналето на Австралија опен оваа сезона, но го повреди коленото при поразот во првото коло на Вимблдон од Русинот Данил Медведев.
Тој во август реши да оди на операција и да не ја брани титулата од Флешинг Медоуз, но најави дека сигурно се враќа во 2018.
„Прв тренинг од јули! Навистина сум среќен и возбуден. Ги ‘убивам’ конусите со бекхенд“, напиша Вавринка на Твитер.
First practice since July!Sooooo happy and excited!!Already killing the cones with the backhand !! ??♂️????????♂️?????? #londonimcoming ? pic.twitter.com/qcMtd5x3sw
— Stanislas Wawrinka (@stanwawrinka) November 7, 2017