Ждрепката за баражот во европската квалификациска зона, за пласман на Светското првенство во Русија, ќе биде извршена на 17 октомври во Цирих, соопшти Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Извлекувањето на бараж двојките ќе биде извршено во 14 часот, а ќе учествуваат осум најдобро рангирани второпласирани репрезентации од двететте квалификациски групи.
Носители ќе бидат Швајцарија, Италија, Данска и Хрватска, а неносители се Република Ирска, Северна Ирска, Шведска и Грција.
Првите бараж средби ќе се одиграат од 9 до 11 ноември, а реваншите ќе бидат на програмата од 12 до 14 ноември.
Светското првенство ќе се игра во 12 градови во Русија во периодот од 14.јуни до 15.јули 2018 година.
Покрај домаќинот пласман на Мундијалот веќе изборија Бразил, Уругвај, Аргентина, Колумбија, Мексико, Костарика, Панама, Иран, Јапонија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Египет, Нигерија, Белгија, Франција, Шпанија, Англија, Србија, Исланд, Полска, Германија, Португалија. н.ц.