Кенијката Џемајма Сумгонг доби четиригодишна суспензија поради позитивен допинг-тест, објави Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ).
32-годишната Сумгонг земала еритропоетин (ЕПО), средство кое го зголемува нивото на црвени крвни зрнца и била позитивна на тест надвор од натпреварување во Кенија. Сумгонг претходно имаше позитивен тест во 2012 година. Таа победи на маратонот во Лондон во 2016, пред да го освои златото во Рио минатото лето како прва Кенијка со трофејот.
Од 2011 до 2016 година, повеќе од 40 кениски атлетичари имаат позитивни допинг-тестови. Меѓу нив е и поранешната тренинг-партнерка на Сумгонг, 36-годишната Рита Џепту, која беше позитивна на ЕПО во 2014 година.