Селекторот на црногорската репрезентација, Драган Аџиќ го објави списокот од 28 ракометарки на кои ќе смета за настап на Светското првенство во Германија следниот месец, а на која изненадува името на ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ.
Радичевиќ, заедно со Марија Јовановиќ (ФТЦ) и Катарина Булатовиќ (Ростов), последен пат настапија за Црна Гора на Олимпијадата во Рио, по што не беа повикувани сметајќи дека ќе почне „смена на генерации“ и тие не играа на ЕП во Шведска минатата година.
Во црногорскиот состав е уште една ракометарка на Вардар, Андреа Кликовац.