Политичката ситуација во Шпанија и прашањата на шпанскиот национализам, каталонскиот сепаратизам и слично, доминираат во последно време, така што не зачудува што и боите на новиот дрес на шпанската репрезентација предизвикуваат контроверзи.
Според „Марка“, новиот дрес на „Адидас“ е помалку сомнителен, откако повеќе луѓе се запрашале дали палетата на бои кои се користи е инспирирана од црвено-жолто-пурпурното знаме на втората Шпанска република. Оваа република беше прогласена во 1931 година, но беше соборена во Шпанската граѓанска војна (1936), кога на власт со помош на Германците дојде Франциско Франко.
Дел од шпанските навивачи преку социјалните мрежи побараа бојкот бидејќи „тоа не се боите на нашата земја“, но и поради тоа што „Шпанија е монархија, а не република“.
„Адидас“ од друга страна беше инспириран од стариот дрес на Шпанија носен на Светското првенство во САД во 1994 година, во кое имаше слична структура на дресот, иако со потемна верзија на синото.