Поранешниот француски судија, Тони Шапрон, рекол дека Златан Ибрахимовиќ нема почит кон судиите, соиграчите и противничките играчи. „Ибрахимовиќ е иритантен тип“, истакнал Шопрон и дополнил.
„Не се работи тука само за судиите, тој стално се лутеше на соиграчите и се расправаше со противниците. Тој е луд. Се надевам дека тоа било само дел од претставата. Толку луди работи кажуваше, се надевам дека не го мислел тоа“.
Шапрон се сетил и на натпреварот помеѓу ПСЖ и Лоријен, на кој Ибрахимовиќ постигнал хет-трик. Традицијата е играчот што постигнал три гола на еден натпревар да ја земе топката за спомен.
Ибрахимовиќ дошол до судијата и само му рекол: „Топката“.
„Тоа е работа на домашно воспитување, не покажа почит“.
Шапорт кариерата ја заврши во јануари оваа година откако доби суспензија од Фудбалскиот сојуз на Франција, поради инцидентот што се случи на натпреварот помеѓу Нант и ПСЖ.
Еден играч на Нант, Диего Карлос, ненамерно се удри во него, а откако Шапортн паднал на тревата го сопнал фудбалерот и му покажал црвен картон.