Лионел Меси повторно ќе игра за Аргентина, тврди генералниот менаџер на репрезентацијата, Хорхе Буручага. Според него, најдобриот аргентински фудбалер, в 2019 година повторно ќе го облече дресот на националните бои.
Ѕвездата на Барселона, последен пат за Аргентина настапи на 30.јуни, кога Аргентина беше елиминирана во осмина-финалето на Светското првенство од Франција. Набргу Аргентинците соопштија дека Меси нема да игра за репрезентацијата до крајот на годината.
„Се уште не е познат точниот датум кога Меси ќе се врати, но тоа сигурно нема да се случи до крајот на оваа година. Невозможна е опцијата повеќе да не игра за репрезентацијата. Сигурен сум дека од наредната година повторно ќе биде во националниот тим“, рекол Буручага.
Маси во кариерата одиграл 128 натпревари и постигнал 65 гола.