Диего Симеоне и челниците на Атлетико Мадрид наскоро би требало да ги договорат сите услови околу новиот договор, пренесоа шпанските медуми. Според нив тренерот ќе стане човек со најголема плата, односно годишно би заработувал повеќе и од првата ѕвезда, Антоан Гризман.
Симеоне има договор со Атлетико кој истекува во јуни 2020 година. Претходно двете страни, соработката ја продолжиле во ноември 2017 година, кога Аргентинецот се согласил платата да му биде намалена.
Доколку информациите се точни тоа значи дека Симеоне ќе стане еден од најплатените тренери во светот, со годишна плата од околу 20 милиони евра.
Популарниот Чоло, минатата сезона со Атлетико ја освои Лига Европа, а оваа сезона ја започна со победа во Суперкупот на УЕФА.