Рома ќе мора да продаде тројца фудбалери во зимскиот преоден рок, тврди „Кориере дело спорт“. Според овој извор, Костас Манолас, Лоренцо Пелегрини и Ченгиз Ундер побарале да го напуштат „Олимпико“.
Гркот Манолас има договор со Рома до јуни 2022 година. Откупната клаузула во неговиот договор е мала, изнесува 36 милиони евра, поради што Јувентус и Баерн Минехн ќе се обидат да го обезбедат неговиот потпис.
„Кориере дело спорт“, тврди дека Јувентус ќе ја плати откупната клаузула, нешто што веќе го направи кога го реализираше трансферот на Миралем Пјаниќ во 2016 година.
Уште пониска е откупната клаузула во договорот на италијанскиот репрезентативец Пелегрини. Манчестер јунајтед и Интер биле подготвени да ја платата клаузулата од 30 милиони евра, за да го донесат во своите редови талентираниот крилен играч.
Највисока откупна клаузула има Турчинот, Ундер. Меѓутоа сумата од 60 милиони евра не претставува никаков проблем за богатите европски клубови. Наводно најголем интерес за Ундер покажувале Арсенал и Баерн Минхен.