Top Sport

Гатусо се сеќава на „копилето“ Пирло

Џенаро Гатусо вели дека кога го гледал својот колега од Милан, Андреа Пирло како игра, добивал желба да ја „смени професијата“.

Гатусо и Пирло играа заедно за „росонерите“ под водство на Карло Анчелоти, каде што популарниот “рингио“ беше „мотор“, додека Пирло беше „уметникот“ на тимот. По повлекувањето на Пирло во понеделникот, Гатусо беше запрашан дали поради неговата работа Пирло станал подобар.

„Да не зборуваме глупости. ‘Нутела’ и гомна не се иста работа. Кога го гледав како игра мислев дека треба да ја сменам професијата. Никој не го знае тоа подобро од мене бидејќи почнав да играм со него во италијанската репрезентација под 15 години и во сите младински тимови. Не се работеше само за неговиот квалитет, бидејќи тој беше животно кое поминуваше 1.000 метри. Играв 20 години со него и секогаш се чувствував сигурен покрај него. Во соблекувалната? Тој беше вистинско копиле, со извинување за неговата мајка. Секогаш имаше некоја ‘финта’ и беше многу смешен. Го удирав почесто отколку што Бад Спенсер го маваше Теренс Хил“, вели Гатусо.

Гатусо претходно изјавуваше дека Пирло има „лице на ангел, но душа на ѓавол“, откривајќи една анегдота додека биле колеги во Милан.

„Тој не знае да мирува. Еден ден јадевме заедно во Миланело, тренинг-центарот на Милан. Не знам зошто го оставив телефонот на масата и отидов да земам нешто. Тој веднаш прати СМС-порака до потпретседателот на Милан, Адријано Галијани и генералниот менаџер Ареидо Браида, нудејќи им ја мојата сестра. Вистинско копиле“, изјави Гатусо.

 

Scroll to Top