Top Sport

Кинеските милиони лесно се трошат – Хулк се пофали со приватниот авион

Бразилскиот фудбалер Хулк е еден од ѕвездите кои решија да им свртат грб на европските клубови и да играат во Кина за неверојатни суми, така што не е големо „чудо“ што тој се пофали со својот нов приватен авион.

Поранешниот фудбалер на Зенит Санкт Петербург во моментов игра за Шангај СИПГ, клуб кој го плаќа фантастични 400.000 евра неделно, и нормално, кога се купува авион не може да биде „обичен“, туку со лична посвета.

„Сонувај, живеј и биди благодарен секој ден“, напиша Бразилецот на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

Sonhar, viver, e todo dia agradecer #ferias

A post shared by Givanildo V. De Sousa- Hulk (@hulkparaiba) on

Scroll to Top