Top Sport

Шмајхел го „измачувал“ Гери Невил на почетокот на кариерата

Гери Невил во 2011 се пензионираше како легенда на Манчестер јунајтед, од славната „Класа од 92“ покрај Бекам, Бат, Гигс и Сколс, но вели дека воопшто не му било лесно кога почнал да игра во клубот, посебно поради третманот кој го добивал од голманот Петер Шмајхел.

43-годишниот Британец признава дека на Шмајхел тој воопшто не мус е допаѓал.

„Кога првпат почнав да влегувам во првиот тим на 18 или 19 години, Петер Шмајхел беше брутален кон мене. Да, сега ќе се сретнеме и се смееме за тоа, но тогаш навистина беше брутален. Не му се допаѓав многу како фудбалер. Тој беше фантастичен голман и имаше легендарна четворка во одбраната – Стив Брус, Гери Палистер, Пол Паркер и Денис Ирвин. Кога почнав јас да играм по повредата на Паркер, секако, не бев совршен бидејќи бев многу млад. Но, секоја грешка, тој скапо ми ја наплаќаше – на тренинзите, секој ден, за додавањата, за трачањето. Беше ужасен кон мене“, вели Невил.


Но, 54-годишниот Шмајхел не бил единствениот, вели Невил.

„Пол Инс беше ист таков, Рој Кин, Брајан Робсон, Марк Хјуз… Ако не им дадеше совршена топка, тогаш ќе ве уништеа. Тоа беа група на цврсти фудбалери… Но, од нив научив многу. Морав да преживеам“, вели Невил.

Scroll to Top