Посочувајќи ја Грција како најнезгодниот противник кој можеле да го добијат во баражот за пласман на Светското првенство, Хрватите влегуваат во двомечот сигурни дека можат да ја задржат совршеноста во последната рунда на квалификациите за големите турнири.
Хрватска има четири победи во четири баражи за Светското првенство или Европското првенство во минатото и имаат одличен скор од 9 големи натпреварувања од 11 квалификации, убедливо најдобар од земјите од поранешна Југославија. Од 1996 година досега, Хрватска го пропуштила само СП во 2010 година во Јужна Африка и ЕП во 2000 во Белгија и Холандија.
Во четврток тие ги пречекуваат Грците по драматични квалификации во кои го загубија првото место во групата И од Исланд, по што го отпуштија селекторот Анте Чачиќ пред клучната 2:0 победа на гости кај Украина. Неговата замена, Златко Далиќ верува дека имаат големи шанси против Грците.
„Со победа во првиот бараж би било многу полесно во реваншот. Грците ќе се обидат да се бранат, но имаме доста добри напаѓачи да завршиме половина работа во Загреб. Пак останува само на нас“, вели играчот на Интер, Иван Перишиќ.
За дуелот со Грција, Марио Манџукиќ е неизвесен поради повреда на бутниот мускул, а дефинитивно нема да игра дефанзивецот Милан Бадељ. Далиќ има опција на местото на Манџукиќ да игра со Андреј Крамариќ (кој ги постигна двата гола против Украина), како и Никола Калиниќ од Милан.
ХРВАТСКА ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ
СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА
Франција 1998 – трето место
Јужна Кореја 2002 – натпревари по групи
Германија 2006 – натпревари по групи
Јужна Африка 2010 – не се квалификуваа
Бразил 2014 – натпревари по групи
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА
Англија 1996 – четврт-финале
Белгија/Холандија 2000 – не се квалификуваа
Португалија 2004 – натпревари по групи
Австрија/Швајцарија 2008 – четврт-финале
Полска/Украина 2012 – натпревари по групи
Франција 2016 – осминафинале