Top Sport

Херојот на Хрватска: Овде е полошо да играш на лев бек, отколку да бидеш политичар

Тин Једвај, херојот на Хрватска во синоќешната победа над Шпанија (3:2) во Лигата на нации, имал интересен коментар за позицијата на која играше против „црвената фурија“.

Позицијата лев бек неколку години е дефицитарна во храватскиот состав. Поради повредите на Стриниќ и Пивариќ, селекторот Златко Далиќ, оваа позиција му ја довери на играчот на Баер Леверкузен.

Једвај го одигра мечот на кариерата, не само што ја затвори таа страна туку постигна и два гола во 69.минута за предноста на Хрватска 2.1, а потоа и во 93.минута за триумф на „коцкестите“.

„Се шегувавме пред мечот дека кај нас е полошо да играш на лев бек, отколку да бидеш политичар. Секогаш велам дека на која позиција и да ме стави селекторот ќе го дадам најдоброто од себе. Ми беше тешко бидејќи долго не сум играл на лев бек“, рекол Једвај.

Scroll to Top