Претседателот на Милан, Паоло Скарони признава дека е голем фан на Златан Ибрахимовиќ, но инсистира дека Швеѓанецот сам ќе го избере својот следен тим по големиот број на шпекулации дека тој ќе заврши на „Сан Сиро“.
По импресивната сезона со Лос Анџелес галакси во МЛС лигата каде што замина од Манчестер јунајтед, 37-годишниот Златан е поврзуван со трансфер во Милан и Скарони вели дека би сакал да се случи тоа враќање, но додава дека Џенаро Гатузо има доволно напаѓачи во тимот.
„Ибрахимовиќ ќе биде слободен сам да го избере својот тим. Се работи за фантастичен фудбалер и секако јас сум негов фан, но не правам одлуки за трансферите. Покрај тоа, мојот најомилен фудбалер на денешницата, Сусо, е веќе во нашиот тим“, вели Скарони за „Ла газета дело спорт“.
Милан има проблематични неколку сезони по неуспешното преземање на клубот од страна на кинеските сопственици, но сега откако американската „Елиот менаџмент“ ја презеде контролата, во тимот ги врати Леонардо и Паоло Малдини како директори на клубот.
„Во моментов нема преговори со инвеститори и не ги бараме. Гордон Сингер ги контролира инвестициите и купувањата и стабилноста е најважна за нас во моментов“, додава Скарони.