Во светот на фудбалот често се поставува прашањето околу возраста на црномурестите играчи. Во минатото проблем беа годините на Обавеми Мартинс, Тарибо Вест или Џосеф Минала, а најнов е случајот на Франк Кеши кога летово го реализираше трансферот од Аталанта во Милан.
Најновиот скандал на ова тема е поврзан со фудбалската репрезентација на Нигер, играчи до 17 години, која се натпреварува на Светското првенство во Индија.
Дури седуммина фудбалери играчи на Нигер се родени на 1.јануари 2000 или 1.јануари 2001 година. Овој податок веднаш предизвика реакција на спортската јавност.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Нигер, Ентони Коџо Вилијамс, имаше доблест и ги призна малверзациите.
„Занм дека тоа е така и зошто тогаш јавно да не потврдам“, рекол Вилијамс признавајќи ја аферата.
По ова дополнителните проверки покажале дека повозрасни играчи настапуваат за Северна Кореја, Ирак и Костарика, а вистински шок преставува податокот дека и Германија има неколку играчи чија возраст не е таа која ја пишува во нивните картони. н.ц.