Малото градче Мартина Франка во Апулија, Италија е во шок, откако фудбалерот на локалниот клуб (кој настапува во шестата лига), Фабијано Колучи се самоуби.
Откако 19-годишниот Колучи не се појавил на состанокот со капитенот на Мартина, Марко Амато, тој го алармирал клубот, по што помладиот брат на Колучи го пронашол во семејната гаража.
„Сите сме во шок, а побаравме од лигата да го одложи нашиот следен меч. Не можеме да најдеме објаснување за оваа постапка на младиот Фабијано“, изјави претседателот на клубот, Лакарбонара.