Антоан Гризман не сакал да има споредна улога во Барселона, поради што решил да остане во Атлетико Мадрид, иако неговиот трансфер на „Ноу Камп“ беше речиси завршен.
Пред почетокот на Светското првенство во Русија, Гризман го продолжи договорот со Атлетико до јуни 2023 година и стави крај на сите шпекулациите околу трансферот во Барселона.
„Беше тешко да се одбие Барселона. Имате клуб кој ве сака, кој ве кани, кој ви испраќа пораки. Но имате клуб во кој сте важен играч и кој проектот го гради околу вас. Подсвесно, не сакав да му бидам помошник на Меси. Во Атлетико направија се за мене, разговараа, ми ја зголемија платата. Направија се за да ми покажат дека ова е мојот дом и дека не треба да одам никаде. Беа тоа тешки времиња, особено за мојата сопруга. Ја будев и во три часот за да разговараме на таа тема“, рекол Гризман.