Top Sport

Марадона му помага на Болт да започне фудбалска кариера

Најбрзиот човек во светот, Јусеин Болт, би можел да ја „спаси“ својата фудбалска кариера во Мексико.

Болт цело лето тренираше во Австралија, со тимот на Централ Коуст Маринерс, дури и постигна два гола на пријателски натпревар, но поради неморалните финансиски барања тој не успеа да се договори со овој клуб.

Откако побарал милионска сума за договорот, челниците на Џентрал Коуст Маринерс му забранија да тренира со првиот тим, а потоа Болт ја напушти Австралија.

Тогаш се шпекулираше дека Болт ќе се откаже од желбата да стане професионален фудбалер, меѓутоа легендарниот Диего Марадона има намера да му пружи уште една шанса.

Според англиските медиуми, Марадона, кој е тренер на Дорадос во Мексико, бил подготвен да го прими Болт во својот тим.

Болт и Марадона, оваа година играа заедно на хуманитарен фудбалски натпревар. по натпреварот Аргентинецот не криел дека е воодушевен од Болт, односно од неговото фудбалско знаење и брзина.

Наводно, Дорадос и Болт веќе ги започнале преговорите.

Scroll to Top