Се појави нов видео доказ дека репортерската работа не е воопшто лесна.
Во тоа се увери и новинарката на EPSN, Лаура Ретлиџ која за среќа остана неповредена по судирот со двајца рагбисти.
Играчите беа во жесток дуел, а таа известуваше покрај самиот тревник, па корпулентните момци налетаа на неа и таа за миг се најде на земја.
Еден од играчите вмешани во инцидентот, Прејтер Хадсон на Твитер и се извини на новинарката и ја повика на состанок во знак на извинување.
Сепак „доби корпа“, Лаура му врати дека е мажена за ѕвездата на безболот во САД, Џос Ретлиџ.
Took an L in Athens today. So many thanks to everyone at @UGAAthletics for their help after this happened…even though I’m a Gator ? pic.twitter.com/b1FTCPaqtH
— Laura Rutledge (@LauraRutledge) November 18, 2018