Top Sport

Евра: Претерав кога ги шмукав копаните на пилето! (видео)

Патрис Евра вчера предизвика зачуденост, но и загриженост кај дел од своите фанови откако сподели бизарно видео на Инстаграм на кое „гали“ едно непечено пиле како дел од подготовките за Денот на благодарноста.

Сега, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед сакаше де се објасни.

„Вчера постирав едно видео и тоа стана лудо. Тоа беше само за Денот на благодарноста. На дел од луѓето им беше смешно, на дел чудно, а на дел гадно. Но, фала Богу сите сме различни. Само го галев и го бакнував месото. Да, отидов предалеку кога ги шмукав копаните на пилето. Тоа беше малку незгодно“, се објасни Евра.

Французинот посебно беше нападнат од вететаријанците, на кои им врати дека треба да престанат да ја дадат тревата во неговата градина носејќи ѕвончиња како крави.

„Потребни ни се дрвата! Ја сакам оваа игра“, заврши Евра.

Што се случува со пилето, Патрис Евра? (видео)

Scroll to Top