Top Sport

Па, добро, какви се овие дресови? Јунајтед издаде бизарен дрес од „ФИФА 19“!

Манчестер јунајтед „мисли“ на своите фанови. Англискиот гигант ќе издаде четврти дрес на тимот, бизарна комбинација со шари на леопард, кој може да се користи само на видео-играта „ФИФА 19“.

Иако клубот никогаш во вистински живот нема да го носи овој „интересен“ дрес, најзагрижените фанови ќе можат да го купат за само 80 фунти.

Јунајтед, заедно со Реал Мадрид, Јувентус и Баерн Минхен, во соработка со нивниот спонзор „Адидас“ и со софтверската компанија „ЕА спортс“, овозможија купување на овие „четврти“ дресови кои се појавуваат само во видео-играта. Баерн има портокалово-црвен дрес, Мадрид има мешавина на сина боја, додека Јуве има „металик“ дрес.

Scroll to Top