Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне пред саботното дерби со Барселона имаше само убави зборови за Барселона, оценувајќи го каталонскиот клуб како најсилниот во моментов.
Дуелот на „Ванда Метрополитано“ ќе „тежи“ многу бидејќи победникот ќе заврши на првото место, бидејќи двата клуба ги разделува само еден поен, а меѓу нив на второто место е Севилја.
„За мене, Барселона се најсилниот клуб на светот во последните години и покрај тоа што немаат постојаност во европските натпреварувања. Знаеме колку се опасни и без разлика дали ќе играат со Филипе Кутињо или Малком ќе имаат брзина и опасност. Се обидовме да ги избегнеме повредите, но ќе има две-три отсуства. Сите знаеме што значи овој меч“, додава Симеоне.
Тој беше запрашан за двете важни продолжувања на договорите кои треба да ги направат „рохибланкос“ – на голманот Јан Облак, но и на самиот Симеоне.
„Клубот работи со Облак да се договорат тој да продолжи и тоа е важно аз нашата иднина. Зборував со Хил Марин и за мојот договор, но уште немам вести за вас“, изјави Аргентинецот.
Фото: ЕПА