Top Sport

Дортмунд гази, нов кикс на Баерн (Видео)

Водечките два тима во Бундеслигата, Борусија Дортмунд и Ајнтрахт забележаа победи во 12.коло, кое го обележа новиот кикс на актуелниот првак Баерн Минен. По ова коло Борусија има седум бода предност во однос на Ајнтрахт и девет однос на Баерн.

Борусија Дортмунд гостуваше во Мајнц и успеа да победи 2.1. Трите гола беа постигнати во интервалот од 66. до 76.минута. Пако Алкасер погоди за Борусија, четири минути подоцна израмни Квасон, а потоа за победа погоди Пишчек.

Баерн, во Минхен, во последните 12 минути испушти предност од 3:1 против Фортуна. Зуле и Милер донесоа предност за Баварците 2:0, а до полувремето намали Лукебакиа. По еден час игра Милер згоелми на 3:1, потоа во 78. и 90.минута Лукебадиа го комплетираше својот хет-трик.

Резултати, 12.коло:

Аугзбург-Ајнтрахт 1:3
Баерн-Фортуна 3:3
Херта-Хофенхајм 3:3
Мајнц-Борусија Дортмунд 1:2
Волфсбург-Лајпциг 1:0

Scroll to Top