Top Sport

Перпероглу и Реглнад го решија Партизан

Кошаркарите на Црвена ѕвезда го победија Партизан 77:71 во деветтото коло, во АБА лигата. Црвена ѕвезда нема пораз во регионалната лига додека Партизан има четири победи и пет порази.

По едно полувреме им припадна на двата тима, но актуелните АБА шампиони одиграа многу подобро во второто полувреме поради што и забележаа победа.

Црвено-белите отворија го отворија мечот со седумте поени на Регленд, а потоа следуваше луда серија на тројки на Партизан. Ленгдејл и Јанковиќ иницираа серија од 19:2 и на тимот му донесоа двоцифрена предност.

Црвена ѕвезда враќањето во мечот го најави во вториот период, кога до полувремето ја намали разликата на противникот на три поени.

Во третата четвртина црвено-белите доминираа во одбраната, му дозволија на противникот да постигне само десет поени. Партизан не успеа да се приближи ниту во последниот квартал, противникот во последните три минути влезе со огромна предност од 15 поени, а до крајот црно-елите само го намалија поразот.

Доминираа кај Црвена ѕвезда Перпероглу со 25 (5/8 за три) и Регленд со 19 поени, додека кај Партизан 18 поени постигна Ленгдејл.

Scroll to Top