Мечот од јапонската Џеј-лига беше продолжен неверојатни 19 минути, откако Шимизу С-Пулс и Висел Кобе одиграа 3:3 реми, обезбедно со гол во 103. минута од регуларниот дел на мечот.
Со ѕвезди како Андрес Иниеста и Лукас Подолски на теренот, Кобе беше поблиску до победа со 3:2 водство во 90-тата минута, меѓутоа откако судијата реши да продолжи фантастични 19 минути (поради низа повреди и црвен картон во второто полувреме), голманот на Шимизу, Јуџи Рокутан постигна гол во 103. минута од мечот.
Како што можеше да се очекува, голот предизвика бес кај фудбалерите на Кобе, кои почнаа да ја губат дисциплината, добивајќи уште еден црвен картон на Велингтон, кој потоа влезе во расправија со клупата на Шимизу.
Со ова Кобе останаа со осум фудбалери на теренот, додека Шимизу имаа девет откако загубија два фудбалери поради повреда откако направија три замени.