Top Sport

Дури 687 илјади фанови аплицирале за билети за Перу-Нов Зеланд

Шансата да го видат Перу на Светско првенство е огромен поттик за навивачите на јужноамериканската земја, откако дури 687.196 фанови аплицирале за првиот меч од баражот против шампионите на Океанија, Нов Зеланд.

Уште поневеројатно, само 10.000 фанови ќе добијат билети, кои ќе бидат делени како двојни билети. Стадионот „Национал де Лима“ собира 50.000 луѓе, но дури 30.000 билети ќе одат кај спонзорите.

Перу досега само четири пати беше дел од Светските првенства, прво како поканета репрезентација на првото СП во Уругвај во 1930 и само трипати како квалификант (1970, 1978, 1982 година). Од друга страна, Нов Зеланд има само два настапи на СП, во 1982 и 2010 година.

Претходно, навивачите на Нов Зеланд се пожалија дека тешко можат да организираат гостување во Перу, поради проблемите со издавање на перуански визи.

Првиот меч се игра во Оукленд утре, додека реваншот во Лима ќе се одржи другата среда.

Scroll to Top