Top Sport

Џорди Алба: Рамос е врвен професионалец

Фудбалерот на Барселона, Џорди Алба, не верува во наводите дека капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, бил позитивен на допинг во 2017 година. „Фудбал Ликс“ објави дека Рамос, по финалето во Лигата на шампионите со Јувентус (4:1), бил позитивен на дексаметазон.

32-годишниот фудбалер, остро ги демантираше наводите и најави тужби за сите што „ќе се обидат да го нарушат неговиот углед“.

„Има малку професионалци каков што е Серхио Рамос. Живторо го дава за Реал Мадрид и шпанската репрезентација. Мислам дека информациите што се појавија се лажни. Немам право да коментирам, но сметам дека ова се измислици“, рекол Алба.

Левиот бек проговорил и за својата иднина во Барселона. Актуелниот договор со клубот му истекува за 18 месеци.

„Нема информации што планира клубот, но јас сум мирен. Не знам на каков начин размислуваат. Имам уште малку од договорот. Јас планирам овде да ја завршам кариерата“.

Џорди Алба сезонава има одиграно 17 натпревари за Барселона, во првенството и во Лигата на шампионите.

Scroll to Top