Top Sport

Коларов искрен: Навивачите едноставно, не знаат многу за фудбалот

Ветеранот на Рома и капитен на српската репрезентација, Александар Коларов пред мечот од Лигата на шампионите меѓу Рома и Реал Мадрид во вторник, изјави дека навивачите не треба многу да коментираат, бидејќи едноставно не знаат многу за фудбалот.

На Рома не и оди најдобро во Серија А, и Коларов вели дека критиките не се на место.

„Навивачите мораат да сфатат дека не знаат толку многу за фудбалот. Јас никогаш не би си дозволил да му кажувам на Новак Ѓоковиќ што да прави или да му ја подобрувам тактиката. Премногу се зборувам, премногу се трошиме, а ништо не кажуваме. Сакам да гледам тенис и кошарка, но не знам многу околу тоа. Исто како повеќето фудбалски навивачи“, објаснува Коларов.

Фото: ЕПА

Scroll to Top