Top Sport

Навивачка војна низ улиците на Атина (Видео)

Хулиганите на АЕК и Ајакс, со жестоки тепачки низ улиците на Атина, го најавија вечерашниот натпревар помеѓу двата тима во Лигата на шампионите.

Група на хулигани од Амстердам, вчера пристигнале во Атина и со помош на „колегите“ од Панатинаикос и полска Краковија, тргнале во потрага по навивачите на АЕК.

Ги пронашле во кафуле каде најчесто се собираат. Тука дошло до жестоки судири, кои потоа се преселиле на градските улици, на снимките од Атина се слушаат силни експлозии.

АЕК и Ајакс својот натпревар во Ф-групата ќе го започнат во 18:55 часот. По четири одиграно натпревари Ајакс е втор во групата со осум бода, додека АЕК нема ниту еден.

https://twitter.com/ultrastyle01/status/1067185451830792194

Scroll to Top