Top Sport

Навивачите се лути, Барса ќе го смени името на стадионот

Фудбалскиот клуб Барселона никогаш не го сменил името на стадионот, но како што информираат каталонските медиуми, наскор и тоа ќе се случи. Во клубот пристигнала понуда за промена на името на стадионот која не се одбива.

Наводно, во завршна фаза биле преговорите помеѓу Барселона и фармацевтската компанија „Грифолс“.

Доколку договорот биде постигнат, тогаш „Грифолс“ ќе стане еден од главните спонзори, а стадионот ќе го носи името „Ноу Камп Грифолс“.

Двете страни договараат 20-годиен договор, според кој клубот ќе добива годишно по 20 милиони евра.

Најавата дека клубот ќе го смени името на култниот стадион, предизвика негативни реакции од страна на навивачите на социјалните мрежи.

Scroll to Top