Top Sport

Каков измамник нема 16 туку 28 години

Во време кога сите информации што ви се потребни можете да ги најдете на интернет, од Индија доаѓа една неверојатна приказна, која е поврзана со фудбалерот Гурав Мукху.

Напаѓачот на Јамшедрупа на 7.октомври постигнал гол за својот тим во 81.минута, на натпреварот против Бенгалур (2:2). Мукху станал најмладиот стреле во Супер лигата на Индија.

Медиумите веднаш се заинтересирале за „чудото од дете“ и започнале споредбите со Лионел Меси. Меѓутоа од популарноста со која се соочил Мукхи, произлегле само проблеми.

Се прашувате зошто? Мукху лажел за своите години. Тој нема 16 туку 28 години!

Во едно интервју Микху случајно открил дека има 28 години, потоа рекол дека се шегува, но новинарот решил да истражи и ги открил неговите вистински години. Фудбалскиот сојуз на Индија веднаш му изрекла суспензија од шест месеци.

На приказната дека има 16 години „паднал“ и неговиот соиграч, легендарниот Австралиец Тим Кејхил (38), кој во едно интервју му предвидел голема кариера на „младиот“ напаѓач.

Она што приказната ја прави уште поинтересна е дека во 2015 година, Фудбалскиот сојуз на Индија, го казнил клубот Јамшедрупа, бидејќи четворица играчи, на турнир за фудбалери до 15 години, играче со лажни документи. Меѓу тие четворица бил и Микху.

Scroll to Top