Top Sport

Лудница во хрватската трета лига – со бетонски блок кон фудбалерите!

Фудбалот на Балканот честопати знае да е опасна професија, но тоа што се случи во хрватската трета лига ги надминува границите на лудилото.

По крајот на мечот од Првата жупаниска лига во Дубровник, помеѓу Конављанин и Оребиќ навивачите на Конављанин успеаја да ги гаѓаат противничките фудбалери со бетонски блок! За среќа инцидентот помина без повреди, а по него следуваше општа тепачка на фудбалерите на двете екипи. Веќе е осомничен еден 45-годишник.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');