Сега веќе „историскиот“ натпревар меѓу екипите на Бока Јуниорс и Ривер Плата, возвратното финале во Копа Либертадорес ќе се игра на 8-ми декември, но останува непознаница каде, во кој град и на кој стадион.
КОМНЕБОЛ одлучи мечот кој веќе двапати се одложуваше да се игра надвор од Аргентина.
Многу градови се пријавија да бидат домаќини на овој спектакл, но шпанските медиуми пренесуваат ексклузивна вест дека главниот кандидат за оддржување на големото финале е стадионот на Реал Мадрид „Сантијаго Бернабеу“.
Конечната одлука треба да се донесе деновиве, но медиумите на Пиринеите се сигурни дека тој ќе се игра на „Бернабеу“.
EXCLUSIVA #JUGONES | El Bernabéu, PRINCIPAL CANDIDATO para ACOGER la FINAL River-Boca el 8 o 9 de DICIEMBRE. ¡VENTE a @laSextaTV! pic.twitter.com/TpJfofuq9m
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) November 29, 2018