Top Sport

Тим: Поради воениот рок ми падна формата!

Доминик Тим вели дека служењето во австриската војска на крајот на 2014 година имало лошо влијание на неговиот тенис, посебно на стартот на сезоната 2015.

„Навистина не сум голем љубител на воениот рок, и тоа беше вистински проблем за мене. Да, се работеше само за три-четири недели бидејќи бев привилегиран како спортист, но и тоа беше премногу. Можам да замислам како им е на тие кои мораат да останат шест месеци во војска. Стартот на следната сезона почна многу тешко за мене“, вели Тим во интервју за „Скај спортс“.

Австриецот, од кого се очекуваше многу како следна тениска ѕвезда, вели дека е многу тешко да се навикнеш на различните услови за игра.

„Кога си тенисер, секоја недела играш во друго место и никогаш не е исто без разлика на подлогата. Мораш да се навикнеш на поинакви топчиња, на поинаков терен. Не можеме да играме секоја недела“, вели Тим.

Scroll to Top