Интересна вест доаѓа од Франција, каде на една брачна двојка од градот Брив, властите не им дозволуваат новородениот син во матичната книга на родени да го запишат под името Гризман Мбапе.
Родителите, навивачи на француската репрезентација, која летово во Русија ја освои светската титула, сакале на детето во своето име да ги носи презимињата на двајцата најдобри фудбалери на Франција на СП.
Сепак француските власти решиле да им забранат на родителите, детето да го добие името Гризман Мбапе.
Матичната служба одлуката ја првада со тоа дека детето во текот на животот би можел поради името да има проблеми и дека тоа е спротивно на неговите интереси. Околу случајот треба да се изјасни и надлежниот суд.
Родителите ќе се обидат да ја истераат својата правда, односно во името на детето да стојат презимињата на напаѓачите на Атлетико Мадрид и ПСЖ, Гризман и Мбапе.