Top Sport

Скалони ќе ја предводи Аргентина на Копа Америка

Челниците на Фудбалската федерација на Аргентина му понудиле постојан договор на привремениот селектор Лионел Скалони. Предлогот на челниците на Федерацијата бил Скалони да ја води Аргентина на Копа Америка во 2019 година.

Лионел Скалони застана на чело на репрезентацијата, како привремено решение, откако Хорхе Сампаоли доби отказ поради неуспехот на Светското првенство во Русија. „Гаучосите“ на СП беа неубедливи, а беа елиминирани од Франција во осмина-финалето.

Скалони, во Русија, му беше асистент на Сампаоли.

По СП во Русија, Аргентина под водство на Скалони одигра пет натпревари на кои запиша четири победи и еден пораз (од Бразил 0:1).

Планот на челниците на Федерацијата беше Скалони да ја води репрезентацијата до крајот на годината, меѓутоа она што го сработил досега ќе му обезбеди постојан договор, секако доколку реши да ја прифати понудата.

Копа Америка ќе се одржи од 14.јуни до 7.јули наредната година во Бразил, а Аргентинците ќе се обидат да ја освојат првата титула по 1993 година.

Scroll to Top