АВ Охрид во петтиот натпревар во втората лига на АБА стигна до својот петти пораз, откако на домашен терен во „СЦ Билјанини извори“ загуби со 78:56 од словенечкиот тим Рогашка.
Охрид беше рамноправен противник само во првото полувреме, кое заврши со минимална предност на тимот од Рогашка Слатина од 37:35, а во еден момент домаќините имаа и предност. Меѓутоа, гостите потоа се одвоија за да стигнат до убедлива победа.
За Рогашка блесна Рашан Дејвис со 32 поени за да донесе втор победа едноподруго за словенечкиот тим и да „избега“ од дното на лигата. Кај Охрид, Емир Зимиќ имаше 15 поени и 12 скока, а Станислав Цонков имаше 10 поени.
Фото: КК АВ Охрид