Манчестер сити објави рекорден приход од 474.4 милиони фунти, и уште поважно трета година профитабилност за сезоната 2016/17.
Лидерите во Премиер лигата имаат профит од 1.08 милиони фунти, помалку од 20.5 милиони фунти минатата година. Растот од 21 отсто во приход, значеше дека односот плати/трошоци падна на 56 отсто, а клубот исто така има нула долгови. Претседателот Халдун ал Мубарак вели дека приходот се доближува до границата од 500 милиони фунти.
„Овој извештај треба да ги увери нашите навивачи и партнери дека ние сме транспарентни во водењето на клубот. Тоа што го имаме пред нас е фудбалска организација и бизнис во вистинска симетрија, што ни помага да одиме посилни кон иднината“, вели Ал Мубарак.
И покрај тоа што тимот заврши без титула во 2016/17, извршниот директор Феран Соријано е задоволен од прогресот на тимот под менаџерот Пеп Гвардиола, кој дојде на „Етихад“ на стартот на минатата сезона.
„Посветени сме да играме прекрасен фудбал и да победуваме. Двата елементи се компатибилни и сигурни сме дека оваа сезона ќе имаме поголем успех“, вели Соријано.
Сити потроши доста пари во текот на летото, носејќи ги во клубот Бенжамин Менди, Кајл Вокер, Бернардо Силва, Едерсон и Данило, но тоа се исплатеше бидејќи во моментов тие се осум поени пред најблиските ривали на табелата.