Откако фудбалската репрезентација на Чиле не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, играчот од средниот ред Артуро Видал објави дека повеќе нема да игра за националниот тим.
„Срцето ми е скршено од неуспехот во квалификациите“, порачал 30-годишниот фудбалер на минхенски Баерн.
Видал во репрезентацијата на Чиле дебитираше во 2007 година, а натпреварот против Бразил беше негов 97 во националниот тим. Во дресот на репрезентацијата постигнал 23 гола и освои две титули на Копа Америка (2015 и 2016).
Инаку по поразот од Бразил оставка поднесе и селекторот на Чиле, аргентинскиот стратег Хуан Антонио Пици. Овој стручњак со Чиле ја освои титулата на Копа Америка, но неговата репрезентација играше лошо во квалификациите, особено во финишот. На последните шест средби Чиле забележа само две победи. н.ц.