Тренерот на Пари Сен-Жермен, Германецот Томас Тухел вели дека ниту еден од неговите фудбалери, вклучувајќи ги мега-ѕвездите Нејмар и Килијан Мбапе не се недопирливи во најбогатиот европски клуб.
Мбапе и Нејмар и покрај повредите во настапите за репрезентациите, се појавија оваа недела во клучниот меч од Лигата на шампионите против Ливерпул помагајќи тимот да стигне до 2:1 победа за речиси сигурно да се пласира во осминафиналето.
„Има фудбалери кои играат многу мечеви и се во тимот речиси секој натпревар. Дали се тоа клучни фудбалери? Да, секако. Дали се недопирливи? Не, секако. Потребни ни се искусни фудбалери за да се игра на највисоко ниво и сите мораат да бидат ментално и физички подготвени за да ја завршат својата улога. Знам дека беа уморни оваа недела, но и јас бев уморен. Затоа очекувам ист менталитет и против Бордо во Лига 1“, вели Тухел.