Top Sport

ВАР ќе помага на Англија-Германија

Системот за видео-помош за судиите (ВАР) ќе биде користен првпат на еден меч во Велика Британија, за пријателскиот меч Англија-Германија на „Вембли“ во петок.

ФИФА во 2016 година одобри двегодишен тест на контроверзниот систем, кој оттогаш се користеше во Бундеслигата, Серија А и американската МЛС лига.

Првото искуство на Англичаните со ситемот беше во пријателскиот меч против Франција во јуни, кога Рафаел Варане доби црвен картон за фаулот над Деле Али. Технологијата ќе се користи само за ситуации во кои се работи за голови, црвени картони, погрешни идентитети и пенали, за поправање на „сериозни инциденти“.

Тестирањето на ВАР во Бундеслига не помина најдобро, откако фановите јавно се побунија за успорувањето на играта, а Германската фудбалска федерација (ДФБ) го замени Хелмут Круг како шеф на ВАР-центарот во Келн поради пристрасност кон Шалке.

Фијаско на видео-судењето во Бундеслигата

 

 

Scroll to Top