Top Sport

Уапсен навивачот што фрли кора од банана кон Обамејанг

Навивач на Тотенхем бил уапсен бидејќи на теренот фрлил кора од банана, на натпреварот против Арсенал.

Арсенал, во неделата, го победи Тотенхем со 4:2, а кората од банана завршила во теренот по голот што го постигна Пјер-Емерик Обамејанг.

Портпаролот на Тотенхем потврдил дека на навивачот повеќе нема да му биде дозволено да присуствува на натпреварите.

„Неприфатливо е таквото однесување. Кој е да ја фрлил кората од банана ќе биде суспендиран“, се наведува во соопштението од Тотенхем.

Инаку британските медуми објавија дека по дербито на северен лондон, биле уапсени шест лица.

Scroll to Top