Велшкиот напаѓач на Реал Мадрид, Герет Бејл верува дека неговиот гол со ножички во финалето на Лигата на шампионите мораше да ја добие „Пушкаш наградата“ за најдобар гол, бидејќи со доделувањето на наградата на Мохамед Салах за просечен гол се губи „вредноста“.
Бејл беше во конкуренција за најубавиот гол минатата сезона со фантастичниот гол против Ливерпул во финалето на ЛШ во Киев, заедно со прекрасниот гол на Кристијано Роналдо против Јувентус, меѓутоа неочекувано наградата заврши кај Салах за голот во дербито со Евертон.
„Да, и јас бев изненаден од тоа. Што да кажам? Вака наградата губи на вредност, иако голот на Салах беше добар“, изјави Бејл.
Сепак, 29-годишниот Велшанец вели дека нема проблем да се сеќава на својот најважен гол во кариерата.
„Се работеше за инстинкт. Го поставив телото на вистинско место, и ја фатив топката совршено. Знаев веднаш дека е гол“, додава Бејл.
Салах помалку неочекувано со „Пушкаш“ за голот против Евертон (видео)