Top Sport

Распределба на последните шест билети за Русија 2018

Уште шест слободни места остaнаа за Светското првенство во Русија, за кои конкурираат 12 репрезентаации. Списокот на учесници ќе биде комплетиран во наредните седум дена кога ќе се одиграат баражите, четири европски и два интерконтинетални.

Во европските квалификации ќе играат Северна Ирска-Швајцарија, Хрватска-Грција, Шведска-Италија и Данска-Република Ирска, а во интерконтинеталните Хондурас-Австралија и Нов Зеланд-Перу.

Северна Ирска во 1982 година последен пат беше учесник на едно Светско првенство, но по минатогодишното учество на ЕП во Франција, оптимизмот во Белфаст е на високо ниво.

Северна Ирска квалификациите ги заврши на второто место, зад Германија, а пред Чешка и Норвешка.

Швајцарија во квалификациите имаше девет победи, но во последното коло поразот од Португалија ја однесе во баражот.

Инаку последен пат во официјалн натпревар овие две репрезентации се сретнале во далечната 1964 година.

Два натпревари во кои ќе бидат вперени очите на „дисциплинците“ од УЕФА ќе одиграат Хрватска и Грција. Веднаш по извлекувањето на бараж двојките Хрватите и Грците договорија на дуелите да нема гостински навивачи. Во минатото, независно дали станува збор за репрезентативно или клупско соочување, редовно се случувале инциденти.

Финишот на квалификациите двете репрезентации го одиграа лошо, Хрватите ја загубија првата позиција од Исланд и во последниот натпревар во Украина изборија бараж, додека, Грците кои на последните осум квалификациски натпревари забележаа само две победи, до баражот стигнаа благодарение на киксот на Босна и Херцеговина против Кипар.

Грците на првиот меч ќе бидат без својот најдобар дефанзивец Костас Манолас, кого ФИФА го суспендира од еден натпревар. Грците возвратија дека „прстите“ во казната ги замешал Звонимир Бобан кој сега е втор човек на ФИФА.

Дербито во баражот ќе го одиграат Шведска и Италија. Швеѓаните ги пропуштија Мундијалите во Јужна Африка (2010) и Бразил (2014), а селекторот на оваа репрезентација смета дека и пласманот во баражот е голем успех.

Шведска во квалификациите беше пред Холандија и Бугарија, а зад Франција.

Италија, во групата во која беше и Македонија, заврши зад Шпанија. Италијаните се четикратни светски шампиони, последен пат во 2006 година, а од 1958 година не пропуштиле ниту еден Мундијал. Сепак, по титулата пред 11 години, Италијаните на последните две светски првенства не успеа да ја мине групата.

Република Ирска и Данска е двојката која барем на „хартија“ треба да понуди најмногу неизвесност. И едните и другите имаат свои адути, Ирците не се поразени на последните шест гостувања, додека Данците како домаќини не загубиле на последните осум натпревари.

Она што треба да ги загрижи Ирците е лошиот ефект во баражите. Досега играле осум пати во дополнителните квалификации и само три пати успеале да ги минат.

Многу „оган“ се очекува и во интерконтинеталните квалификации. Австралија не успеа да избори директен пласман и ќе мора патот до Русија да го бара преку Хондурас.

„Кенгурите“ поради освоеното трето место во својата калификациска група мораа да играат бараж против Сирија, кој го добија со вкупни 3:2.

Двете селекции играа на последното СП во Бразил, со таа разлика што за Австрлија тоа беше трето во низа, додека Хундурас пред Мундијалот во Бразил последното учество го имаше во Шпанија во 1982 година.

Хондурас никогаш не играл дополнителни квалификации, додека Австрлија учествувала четири пати и никогаш не успеала да победи.

Руска виза посакуваат и Нов Зеланд односно Перу. Перуанците слично како и Северна Ирска немаат учество на СП уште од 1982 година, додека „кивите“ беа дел од СП во 2010 година, кога оставија одличен впечаток.

Перу пред дополнителнитеквалификации доживеа тежок удар бидејќи нивниот најдобар играч и капитен Паоло Гуереро падна на допинг тестот, поради ФИФА ми изреше 30-дневна суепнзија.

Распоред на натпреварите:

Европа, први натпревари:

Хрватска-Грција (9 ноември)
Северна Ирска-Швајцарија (9 ноември)
Шведска-Италија (10 ноември)
Данска-Ирска (11 ноември)

Реванши:

Грција-Хрватска (12 ноември)
Швајцарија-Северна Ирска (12 ноември)
Италија-Шведска (13 ноември)
Ирска-Данска (14 ноември)

Азија/КОНКАКАВ

Хондурас-Австралија (10 ноември)
Австралија-Хондурас (15 ноември)

Океанија/Јужна Америка

Нов Земанд-Перу (11 ноември)
Перу-Нов Зеланд (16 ноември)

Scroll to Top